Расте бројот на заразени во Италија, Папата повторно ќе ги прима верниците

epa08612426 A handout picture provided by the Vatican Media shows Pope Francis (C) during his weekly general audience, held inside the Library of the Apostolic Palace at the Vatican, 19 August 2020. EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Италија посебно е погодена од пандемијата, но бројот на нови дневни зарази континуирано опаѓа во последните месеци.

Верниците од 2 септември повторно ќе можат да ја следат општата аудиенција кај папата Франциск секоја недела од плоштадот Свети Петар откако тоа беше оневозможено поради коронавирусот, соопшти Ватикан,

Верниците ќе можат да одат на плоштадот пред Апостолската палата два часа пред почетокот на приемот. За влез нема да бидат потребни влезници, се додава од таму.

На врвот од пандемијата во март Ватикан го помести редовната аудиенција од Плоштадот Св. Петар во библиотеката на Апостолската палата во борбата против ширењето на вирусот.

Католиците општиот прием можеа да ја следат и онлајн.

Италија посебно е погодена од пандемијата, но бројот на нови дневни зарази континуирано опаѓа во последните месеци.

Неодамнешниот пораст на случаи е „ставен под контрола“, рекоа италијанските власти.

Во Италија вкупно повеќе од 261.000 заразени, а починаа над 35.000, покажуваат податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот