Расте бројот на слободни работни места во еврозоната расте на крајот од 2018-та

Уделот на слободните работни места во еврозоната расте до 2,3% во четвртиот квартал на 2018-та година, во споредба со 2,1% во третиот квартал и 2% во четвртиот квартал од 2017-та година, покажуваат податоците на „Евростат“.

Во Европската унија (ЕУ-28) уделот на неисполнет работни места исто така е 2,3% во четвртиот квартал од 2018-та година, при 2,2% во третиот квартал и 2% во четвртиот квартал од 2017-та година.

Уделот на слободни работни места во еврозоната во последниот квартал од минатата година изнесува 2% во индустријата и градежништвото и 2,6% во услугите. За ЕУ-28, уделот е ист.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, за кои има споредливи податоци, највисокиот процент на неисполнети работни места во четвртото тримесечје од 2018-та година е регистриран во Република Чешка (6,0%), Белгија и Германија (и 3,4%) и Австрија (3,1%).

Најниските стапки се забележани во Грција (0,4%), Бугарија, Ирска, Шпанија и Португалија (0,9%).

Споредено со истиот квартал од претходната година, учеството на слободни работни места во последниот квартал од 2018-та година се зголеми во дваесет земји-членки на ЕУ. Стапката на слободни работни места остана стабилна во Белгија, Кипар, Финска и Шведска, но се намали во Естонија, Ирска, Хрватска (сите 0,1 процентни поени).

Најголемо зголемување се забележува во Чешка (+1.6 пр.п.), Австрија (+ 0,8 пр.п.), Малта (+ 0,7 п.п.) и Германија (+0.6 пр.п.) .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот