Расте бројот на самоубиства меѓу американските војници

 Бројот на извршени самоубиства меѓу американските војници за време на пандемијата на коронавирусот се зголемил за 20 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на претставници на армијата, военовоздухопловните сили и експерти за психичко здравје во САД.

– Бројот на случаи со психички проблеми е зголемен. Не можам да тврдам дека е поради коронавирусот. Но има директна поврзаност: по ширењето на коронавирусот, бројот на самоубиства е зголемен, изјави американскиот секретар за армијата на САД, Рајан Макарти, додавајќи дека не станува збор само за поголем број на самоубиства, туку и на убиства и насилно однесување.

Како што соопштуваат вооружените сили, набљудуваниот тренд може да биде поврзан со зголемување на нестабилноста, како финансиската, така и психичката, бидејќи пандемијата го зголемила нивото на стрес меѓу војниците.

Прочитајте и...  ФОТО+ВИДЕО: Амди Бајрам погребан во присуство на околу 300 лица

Во периодот од април до крајот на август почесто барале психијатриска помош и ветераните, чии симптоми на посттравматско стресно нарушување се влошиле.

Во САД досега се регистрирани над 7,1 милион заразени случаи со коронавирус и повеќе од 204.000 починати.

Поврзани вести

ВИДЕО: ФФМ да иницира вклучување на ВАР технологијата во домашниот фудбал

Слободен печат

ВИДЕО: Бајден се збуни, го измеша Трамп со Буш и го нарече Џорџ

Слободен печат

Остри пораки на Ердоган до САД: Турција не е племенска држава

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Секој ден е нов пик, Венко Филипче го внесува системот во хаос

Слободен печат

Пораз на власта во Литванија: „Татковинска унија“ прогласи победи на парламетарните избори

Слободен печат

ВИДЕО: Стартува „Утрински брифинг“, Сашо Орданоски најави збогатена програма со нови содржини

Слободен печат

Остави Коментар