Расте бројот на ранети во нападот на Хезболах со дронови врз северен Израел

Бројот на ранети во нападот на Хезболах со дронови во областа Бинјамина на северот на Израел се искачи на 67, соопштија израелски медицински лица.

Четворица од ранетите се во критична состојба, петмина се тешко повредени, а останатите се со полесни повреди, се вели во соопштението.

Повеќето од ранетите биле однесени во медицинскиот центар Хилел Јафе во Хадера. Другите ранети се пренесени во болницата Шеба во Рамат Ган, болницата Рамбам во Хаифа и Медицинскиот центар Рабин во Петах Тиква, јави „Тајмс оф Израел“.

„Џерусалим пост“ претходно јави дека Хезболах од подрачје во јужен Либан лансирал дронови кон северен Израел, а во реонот не се активирале сирените за воздушна опасност, поради што и бројот на каде не биле активирани тревоги за предупредување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот