Расте бројот на одобренија за градба, најмногу во Аеродром

Државниот завод за статистика ги објави податоците за август, при што се издадени 210 одобренија за градење, што е за 9.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.326.990 илјади денари, што е за 53.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 136 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (8.6 %) за објекти од нискоградба и 56 (26.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 210 објекти, на 145 (69.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 (30.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 м2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот