Расте бројот на новозаразени во Дебар, хоспитализирани се две пациентки

Болница Дебар
Болница во Дебар /Фото: МИА

Висока едноцифрена бројка на новозаразени со Ковид-19 е регистрирана денеска во Дебар.

По одреден период веќе има двајца пациенти во Ковид центарот во интерното одделение, при Општата болница со проширена дејност, која здравствена заштита пружа за жителите од општините Дебар и Центар Жупа.

– Само денес опасниот вирус е дијагностициран кај седум лица, од девет општини, шест од нив веќе се внесени во денешниот извештај на Министертвото за здравство, додека за еден потрдата ја добивме подоцна. Во последните десет дена имаме девет новозаразени, а вкупно активни се 12 лица, од нив три се иселеници од САД, изјави за МИА, Арбијон Колари, лекар во Ковид центарот.

Додава дека моментно во центарот хоспитализирани се две пациентки, една од нив на кислородна подршка.

– Една од пациентките е вакцинирана со две дози вакцина, додека другата нема примено ниту една доза. Денеска испративме 11 тестови и за најмалку седум од нив се сомневаме дека се позитивни. Она што во моментов ни е најпотребно се брзите тестови, зашто првичнот резултат ќе го имаме побрзо, посочува доктор Колари.

Она што може да се види насекаде во градот и населените места е фактот дека само мал дел од граѓаните носат заштитни маски во затворен простор, дистанца не се одржува, а секојдневно има по повеќе веселби, свадби, сунети, свршувачки со големо присуство на гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот