Расте бројот на невработени во Грција

фото: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Во Грција за еден месец се зголемил бројот на лицата кои бараат работа за 4,11 отсто, покажуваат најновите статистички податоци на грчката Организација за вработување на работна сила.

Во јуни, биле регистрирани 858. 069 лица, а во јули, 35. 241 повеќе, со што бројот на оние кои бараат работа достигнува до 893. 310, од кои 34,39 отсто се мажи, а 65,61 отсто жени.

Од регистрираните невработени, најголем број (38,31 отсто) се на возраст од 30 до 44 години, грчки државјани (89,63 отсто), со завршено средно училиште (43,71 отсто).

Бројот на невработени во Грција се зголемил за 7,91 отсто, споредбено со лани за истиот период.

Во Организацијата за вработување на работна сила на Грција се регистрирани и 76. 891 лица кои иако се невработени, сепак не бараат работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот