Расте бројот на наркозависници и на дилери во Македонија

Според експертите, големиот наплив на дрога на територијата на земјава е резултат на големата побарувачка. Велат дека автоматски кога одреден вид на наркотик е доста баран од „клиентелата“, тогаш до израз дошол квалитетот кој директно се одразува на постојаната побарувачка.

Во изминатите месеци драстично е зголемен бројот на наркозависници во Македонија. Според стапка на старост, најголем број од зависниците се на возраст од 20 до 40 години. Според видот на дрогата која ја консумираат, а врз база на досега утврдените случаи и самопризнавања на откриените зависници,  истражителите посочуваат дека најмногу се користи марихуаната, а потоа следат хероинот и кокаинот. Овие три видови на дроги се најбарани на македонскиот наркопазар.

Како се зголемува бројот на зависници, така се зголемува и бројот на дилери, велат истражителите. За тоа говорат црните полициски статистики. Па така според нив, на пример само вчера, за период од четири часа, на различни локации во Скопје, се уапсени петмина дилери кај кои е пронајдена најбараната дрога во земјава (марихуана), а меѓу уапсените дилери, еден е малолетник. Првите двајца дилери велат од полицијата се уапсени на улицата „Руѓер Бошковиќ“ во Карпош 3, еден во село Љубанци, четвртиот на улицата „Гвадалахара“ во Шуто Оризари , и петиот, 17-годишникот е уапсен на „Илинденска“ во близина на Градски парк.

Прочитајте и...  251 граѓанин казнет бидејќи не носел заштитна маска

Цената на најбараните наркотици во земјава според упатените не варира поради коронакризата и затворените граници, туку веќе неколку месеци има постојана цена. Па така една квалитетна „шибица“  изнесува од 5 до 8 евра, 0,1 грам до 0,18 грама хероин, зависно од степенот на зависноста на еден корисник, цената на една доза хероин се движи од 350 до 700 денари, грам хероин се движи околу 1.000 до 1.500 денари, додека кокаинот чини 3.000 денари за грам. За хероинот и кокаинот кој илегално се продава во земјава никој не гарантира 99 отсто чистота, велат соговорниците.

Од полицијата велат дека се во постојана „војна“ со дилерите. Оттаму потврдуваат дека се засилени мерките во борбата со недозволена трговија со дрога, а како резултат на тоа е откривањето на магацин во скопската населба Бутел каде неодамна беа пронајдени и одземени 12 дрвени палети во кои биле складирани 1.240 килограми марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски вакумирани пакувања и полиетиленски вреќи.

Прочитајте и...  Нови „бомби“ за Мицкоски, ги убедувал независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за законот за ОЈО

Според експертите, големиот наплив на дрога на територијата на земјава е резултат на големата побарувачка. Велат дека автоматски кога одреден вид на наркотик е доста баран од „клиентелата“, тогаш до израз дошол квалитетот кој директно се одразува на постојаната побарувачка.

– Македонија била и ќе биде транзитна зона за дрогата. Дел од дрогата што транзитира завршува во земјава, а дел се пренесува за наркопазарите кон земјите од Европската Унија. Во земјава драстично е зголемен бројот и на одгледувачи на марихуана на ниви и во домашни услови. Тоа е бидејќи се зголемува нејзината побарувачка, односно зголемениот број на зависници. За да имате пак реална слика за нивниот број, секогаш официјално регистрирани, според светските мерила и стандарди се помножуваат со десет, па така испаѓа дека во Македонија бројот на зависници и мали или ситни препродавачи на дрога изнесува над 300.000 граѓани – вели експертот по криминалистика Никола Стојановски.

Прочитајте и...  Мицковски: Вашиот глас ги менува работите

Прочитај повеќе

Возач на автомобил удри во петгодишно дете

Паднал од мопед и се повредил

Тројца повредени откако „југо“ удри во бетонска ограда

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Слободен печат

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пожар кај неготинската депонија, од Комуналец се сомневаат дека е подметнат пред избори

Слободен печат

Во Куманово пронајден починат 22-годишен мигрант

Слободен печат

Приведени „диви тркачи“ од скопските улици

Слободен печат

Скопјанец починал откако се повредил работејќи во дворот на својата викендичка

Слободен печат

Кумановка натепана од својот сопруг

Слободен печат

Работник на ЕВН паднал од електричен столб, со тешки повреди пренесен е во болница

Слободен печат