Расте бројот на ковид-случаи во Британија поради новите варијанти на омикрон

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Бројот на ковид-случаи во Велика Британија за една недела се зголеми за повеќе од половина милион и се очекува дополнително да се зголеми, поттикнат од најновите варијанти на омикрон BA.4 и BA.5, јавуваат британските медиуми.

Бројот на хоспитализирани пациенти продолжува да расте и има рани знаци за зголемување на бројот на постари лица кои се примени на интензивна нега. Се проценува дека минатата недела вкупно 2,3 милиони луѓе во приватните домаќинства биле заразени со ковид, што е за 32 отсто повеќе од претходната недела, според податоците на Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Ова е највисоката проценка на вкупните инфекции од крајот на април, но сè уште е под рекордното високо ниво од 4,9 милиони регистрирани на врвот на бранот омикрон BA.2 кон крајот на март.

„Во Британија гледаме постојан пораст од над половина милион инфекции, веројатно предизвикани од ширењето на варијантите BA.4 и BA.5“, вели Сара Крофтс од ONS.

„Ова зголемување е забележано во сите возрасни групи, земји и англиски региони. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме податоците за да видиме дали овој раст ќе продолжи и во наредните недели“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот