Расте бројот на граѓани кои примиле трета доза против ковид-19

Вакцинација во Франција
EPA-EFE/Caroline Blumberg

Бројот на граѓани кои примиле трета доза против ковид-19 е во постојан раст. Статистичките податоци на здравствените власти во државата покажуваат дека само во петок трета доза примиле 4 720 граѓани, односно 638 граѓани примиле прва доза, додека 1 472 се ревакцини. Заклучно со петок вкупно се вакцинирани 801 326 граѓани, ревакцинирани се 769 356, а трета доза примиле 10 386 граѓани.

Како што информираат од Министерството за здравство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Од друга страна состојбата со позитивните случаи со Ковид-19 не е променета многу. Од последните тестирање повеќе од десет проценти биле позитивни на Ковид-19, односно од вкупно 4 151 тестирање вчера, 482 граѓани биле позитивни на корона вирус. Институтот за јавно здравје истакна дека вчера како оздравени се регистрирани 280 пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата  достигна 199 539,бројот на оздравени пациенти е 186 211, на починати е 7 036, а бројот на активни случаи изнесува 6 292.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот