Расте бројот на баратели на азил во Франција

Бројот на барателите на азил од Македонија не е објавен во очекување на деталните статистики на Офпра, сепак земјата не се наоѓа меѓу десетте земји со најголем број на баратели во Франција.

Во Франција продолжува да расте бројот на барателите на азил, во најголем дел од Авганистан, Гвинеја, Грузија и Албанија, од кои, последните две земји, според Министерството за внатрешни работи, претставуваат „аномалија”, јавува дописникот на МИА.

Барањата за азил се зголемени за 7,3 отсто минатата година, со 132.614 побарувања поднесени до агенцијата ОФПРА надлежна за давање статус на бегалец, додека протерувањата се зголемени за 19 проценти, според статистиката за имиграцијата објавена од Министерството за внатрешни работи на Франција.

По зголемувањето од 22 отсто во 2018 година, барањата регистрирани од Француската канцеларија за заштита на бегалци и лица без државјанство (Офпра) забележаа побавно зголемување минатата година. Тие го достигнаа своето највисоко ниво од миграциската криза во 2015 година, кога Франција регистрираше само 80.000 барања.

Ако оваа побарувачка се зголемува додека „илегалните текови кои влегуваат во Европа значително се намалија”, тоа е „заради секундарните движења” што ја прават Франција „земја на враќање” за луѓето кои прво побарале азил во друга земја, објаснува Министерството за внатрешни работи.

Главните земји на потекло на барателите на азил во 2019 година останаа, како и претходната година, Авганистан (9.163 барања) и Гвинеја (6.027). На третата и четвртата позиција, се Грузија (5780) и Албанија (5599), две држави за кои се вели дека се „безбедни”, тие продолжуваат да претставуваат „аномалија”, забележува Министерството за внатрешни работи.

Бројот на барателите на азил од Македонија не е објавен во очекување на деталните статистики на Офпра, сепак земјата не се наоѓа меѓу десетте земји со најголем број на баратели во Франција.

-Ние сме првата земја на дестинацијата во Европа за повеќе баратели на азил. И во 2019 година, ние сè уште треба да бидеме прва земја во Европа за апликации за азил од овие две националности, кои се карактеризираат со ниска стапка на заштита “, продолжува Министерството.

Покрај доставените 132.614 досиеја, во кои се вклучени и придружените малолетни лица и тие чие барање повторно се разгледува, има 39.630 лица кои поднеле барање за азил во префектурите и кои спаѓаат во т.н. Даблинска постапка, т.е. лица чие барање се во надлежност на првата земја во која влегле во Европа.

Годината 2019 година, исто така, бележи значителен пораст од 9,5 проценти на бројот на лица кои добиле азил, со 36.512 досиеја прифатени во споредба со 33.330 претходната година.

Покрај тоа, вкупното протерување на странците во нередовна состојба се зголеми за 19 отсто, со 23.746 протерувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот