Растат тензиите околу Тајван: Летот на Пелоси на „нишан“ од Пекинг

Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL
Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL

Авионот со кој леташе претседателката на долниот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси а полета од Малезија предмалку слета во Тајван. Ова го јавуваат светските агенции кои пренесуваат дека за време на летот кој Пелоси и нејзината делегација беа заведени под ознака СПАР19 додека борбените кинески авиони од типот Су-35 на кинеската армија постојано го преминувале Тајванскиот теснец при тоа без да ја прецизираат целта на нивниот лет, пренесува Политико.

Посетата на високата гостинка од САД на Тајван претседателката на Конгресот во хиерархијата е веднаш зад претседателот и потпретседателот е прва од ваков вид во последните 25 години, иако Пекинг неколку недели упорно предупредуваше дека таквата посета би била „провокација во лош момент.“

Во меѓувреме додека кинеското министерство за надворешни работи потврди денес дека Пекинг остро ќе возврати доколку претседателката на САД Пелоси го посети Тајван, напнатоста меѓу Тајван и Кина се зголемуваат.

Растат тензиите меѓу Тајпеј и Пекинг

Тоа е видливо и по неодамнешните воени вежби кои ги одржа Тајван, а Кина непрекинато трупа свои воени сили и демонстративно испраќа воени бродови и авиони низ Тајванскиот теснец кој го дели островот од Кина. Кинескиот претседател Си Џинпинг минатата недела го предупреди американскиот претседател Џо Бајден дека САД „си играат со оган“ и, со оглед на тоа што Кина во согласност со својата политика за „една Кина“ го смета Тајван за свој, најавува дека „одлучно ќе го брани националниот суверенитет и територијален интегритет на Кина“ со сите, па и воени средства.

Суштината на спорот

Во меѓувреме германски Дојче веле ја анализира суштината на спорот меѓу Пекинг и Тајпеј. Тајван со своите 23 милиони жители всушност бил последното прибежиште на кинеските сили на генерал Чанг Кај Шек во повлекувањето пред силите на кинеската револуција на Мао Цетунг на крајот на 40-те години од минатиот век. Со победата на револуцијата во 1949. година, Тајван и натаму остана под самостојна управа.

Всушност, во тоа време Тајван се сметал за „вистинска“ Кина: формалното име на островската држава е Репубика Кина, за разлика од Народна Република Кина. За Пекинг, Тајван е само „привремено“ отцепена покраина, дури и на знамето на НР Кина има една поголема и четири помали ѕвезди, од кои една го претставува Тајван.

Каков меѓународен статус има Тајван?

Речиси бизарен е деталот дека претставникот на Тајван, а не на Кина бил член на Советот за безбедност на ОН сѐ до 1971. година. Денес Тајван не е ниту член на ОН, а иако американските политичари го истакнуваат правото на Конгресот за посета на таа земја, само 14 држави во светот одржуваат формални дипломатски односи со Тајван. Кина таквите односи ги смета за неприфатливи. Кина уште лани ги прекина дипломатските односи со Литванија, зашто таа во Тајван отвори дипломатско претставништво.

Иако е правило на меѓународните состаноци и во организации да има или претставник на Тајван или претставник на Кина, Тајван уште е член на Светската трговска организација и Банката за развој на Азија.

Тајвански хеликоптери
Тајвански хеликоптери / EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Какви се односите меѓу САД и Тајван?

Вашингтон преку три децении по револуцијата во Кина, го сметаше Тајван за „единствен“ претставник на цела Кина. Дури во 1979. година и САД ги затворија своите дипломатски претставништва во Тајван и воспоставија односи со Пекинг. Се повлекоа и од воениот договор за меѓусебна заедничка одбрана во случај на напад.

Без оглед на тоа, односите на САД и Тајван траат и денес, вклучувајќи и воена соработка. Пекинг упорно го предупредува Вашингтон да не ѝ продава оружје на таа „отцепена покраина“, но и претходниот американски претседател, Доналд Трамп демонстративно искажа поддршка на Тајван и склучи договор за продажба на оружје во вредност од повеќе од 18 милијарди долари.

И претседателот Бајден најави дека „ќе му помогне“ на Тајван ако биде нападнат од Кина, иако доктрината на Вашингтон е одржување на постоечката состојба и обезбедување сигурност, посебно во пловидбата по тамошното море. Така и САД успорно испраќаат свои воени бродови и авиони во тој дел од светот.

Кинеска армија / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Колку Кина е спремна за конфликт со Тајван

Тоа е тешко да се каже, но повеќепати се чу дека е спремна и на воено решение. Во јануари 2019. година кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека состојбата со Тајван не може вечно да остане статус кво:

„Не можеме да дадеме ветување дека ќе се воздржиме од употреба на сила и задржуваме можност за употреба на сите потребни средства“, изјави тој. Слични изјави дадоа и други високи кинески функционери на крајот на ланската година, исто како и на Народниот конгрес одржан на почетокот од оваа година.

За Си Џинпинг „спојувањето“ на Кина и Тајван е неминовно заради исполнување на „кинескиот сон“, според кој Кина до 2049. година би станала најголема светска сила. А моменталните тензии меѓу Кина и Тајван се без сомнение поврзани и со актуелната состојба во Кина и положбата на Ши: поради мерките против пандемијата на коронавирус, на кинеската економија не ѝ оди толку добро како што би сакало раководството и како што се очекуваше, а на крајот од оваа година треба да биде решено и дали Си Џинпинг ќе остане претседател на партијата и на државата. Дотолку повеќе и лично му треба некој успех.

 

ВИДЕО од пристигањето на Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во Тајван..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот