Растат приходите на „Витаминка“ во првите шест месеци

П.И „Витаминка“ АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2019  година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во 2019 година не се евидентирани промени во сметководствените политики, сметководствени процени и методи на вреднување на позициите во консолидираните финансиските извештаи на П.И „Витаминка“ АД Прилеп, кои се однесуваат на првото полугодие.

Остварените консолидирани вкупни приходи за првото полугодие  во 2019 година изнесуваат 1,149,732 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 15%. Во структурата на вкупните консолидирани приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година бележи раст од 16%.

Остварените консолидирани вкупни расходи за првото полугодие  во 2019 година изнесуваат 1,094,991 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст за 9%.  Растот на вкупните консолидирани расходи е во корелација со работењето за првото полугодие во 2019 година.

На 11.06.2019 година на Годишното собрание на акционери е одобрена пресметка и исплата на дивиденда за 2018 година, на вкупен износ од 16.420 илјади денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година за извештајниот период изнесуваат 157.312 илјади денари.

Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2019 година изнесуваат 817.877 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.06.2018 година бележат намалување 14 %.

Во периодот Јануари – Јуни 2019 година во групацијата на П.И „Витаминка“ АД Прилеп се реализирани 23 нови вработувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот