Растат очекувањата на бугарските медиуми за составот на привремена Влада во Софија

Медиумите во Бугарија се полни со информации за можните имиња на идните министри во привремената влада на земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изненадувањето во кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев би било појавувањето на Јанаки Стоилов, кој би ја зазел функцијата министер за правда. Сè уште е нејасно дали тој ќе влезе во владата, бидејќи Стоилов, како член на Бугарската социјалистичка партија, мора да добие дозвола од неа. Се очекува партијата да го одобри неговото учество во владата.

Новиот министер за надворешни работи на Бугарија доаѓа од Данска, тоа е амбасадорот на земјата Светлан Стоев, кој е искусен дипломат од кариера.

Како „изненадувачка”, софиските медиуми ја опишуваат можноста поранешниот бугарски претставник во ОН, Георги Панајотов, да биде новиот министер за одбрана. Тој е искусен дипломат, беше шеф на одделот за НАТО во бугарското Министерство за надворешни работи, а во 2010 година беше испратен во Вашингтон како заменик-шеф на Амбасадата во САД.

Сè уште е нејасно кој ќе биде министер за внатрешни работи, дали поранешниот бугарски пратеник од БСП и шеф на истрагата во Бугарија Бојко Рашков или Николај Радулов, кој беше главен секретар во Министерството за внатрешни работи.

Службен премиер на Бугарија ќе биде генерал Стефан Јанев, кој сега е секретар за безбедност и одбрана на претседателот.

Претседателот на Бугарија Румен Радев се очекува да го објави составот на привремената влада попладнево, кога ќе бидат потпишани указите со кои тој ќе го распушти 45-тото национално собрание и ќе ги закаже предвремените парламентарни избори на 11 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот