РАСТАТ нервозите кај скопските возачи со секојдневните реконструкции

Долги колони возила по булевар „Партизански одреди“ кога граѓаните одат и се враќаат од работа, закрчен сообраќај пред мостот „Гоце Делчев“, нервози и хаос на влезот во Скопје од насока на Тетово поради градежните активности на улицата „Ѓорче Петров“ – ова е само дел од тоа со што жителите на главниот град секојдневно се соочуваат движејќи се низ Скопје.

Во моментов се реконструираат десетина улици поради што се создава голем сообраќаен метеж. Градската власт апелира до граѓаните да бидат трпеливи, а летото го користи да обнови повеќе улици од нејзина надлежност. Но, скопјани веќе немаат трпение.

– Во исто време поправаат повеќе улици што се многу фреквентни. Што ако е лето? Мора ли сите одеднаш да се прават? Човек не може нормално да стигне на работа и да се врати. Живеам во Ѓорче Петров и секој ден по половина час заглавуваме во гужвата на Партизанска. Предминатото лето ја асфалтираа во Карпош 1, лани кај мостот на Влае, годинава во Карпош 3. Секое лето малтретирање. Јас одам со автобус и не можам да изберам по која улица ќе се движам. Ужас! Ќе завршат ли еднаш со Партизанска? Кога? – реагира вознемирен граѓанин, изреволтиран од секојдневните сообраќајни гужви во Скопје.

Прочитајте и...  Силна словенечка поддршка за првата Меѓувладината конференција, ќе се оди на компромис со Бугарија

Реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до мостот „Обединети нации“ започна пред повеќе од еден месец. Тогаш градоначалникот Петре Шилегов рече дека очекува работата да заврши за 30 дена.

– Екипите работат со големо темпо и сите реконструкции на улици се завршуваат во рекордно време, во период од 20 до 60 дена, во зависност од временските услови и комплексноста на проектот (делатациите на мостовите бараат поголем временски период поради зацврстување на бетонот) – велат од Град Скопје, иако не ни одговорија попрецизно кога точно ќе заврши реконструкцијата на булеварот „Партизански Одреди“ и мостот „Гоце Делчев“.

Во моментов, како што информираат од Градот, се работи на повеќе локации и тоа: улица „Ѓорче Петров“ (од општинската зграда до бензинска пумпа на  Макпетрол), булевар „Партизански одреди“ (од мост Обединети нации до Московска), улица „Московска“, „Индира Ганди“ (Шуто Оризари), булевар „Кочо Рацин“ (од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“), улица „Февруарски поход“, улица „Лазар Трповски“ (од кружниот тек со улица „Втора македонска бригада“ до крстосницата со улицата „Петар Ичко“), улица „Лазар Личеноски“, како и дилетациите на мостовите „Гоце Делчев“ и мостот на Серава на улица „Никола Карев“ (поранешна Јадранска магистрала).

Прочитајте и...  Демант од ФИТР: Целосно неточни и измислени се наводите за склучени договори во четири очи

Освен на овие локации, Градот работи и на уште неколку други каде се изведуваат поголеми градежни зафати кои траат поголем временски период, како што се втората фаза од проектот на изградбата на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“ и негово поврзување со заобиколницата, изградбата на булевар „Босна и Херцеговина“, како и првата фаза од проектот за поврзување на Аеродром со Центар преку проширувањето на булевар „АСНОМ“.

До овој момент, целосно е завршена реконструкцијата на улиците „Љубљанска“, „Антон Димитров“ и „Димитрија Чуповски“.

Прочитај повеќе

Дали за падот на украинскиот авион е виновен диспечерскиот центар?

Слободен печат

Италијанското обвинителство осомничи 237 лица за шверцање на дрога, од нив 117 Албанци

Слободен печат

Хоти за апсењето на Харадинај и Гуцати: Правдата е над сѐ

Слободен печат

Десетина демонстрантки уапсени на протестите во Минск (ФОТО)

Слободен печат

Нова снимка од инцидентот со полицијата во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Лекарите веќе ни од колегите не се безбедни: Во Куманово доктор нападнал колега, тој избегал низ прозор

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19

Слободен печат

Ким Џонг-ун често знае да биде суров: Еве што сѐ е казниво со смрт во Северна Кореја

Слободен печат

Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Слободен печат

Што може да научи Европа од шведската стратегија против коронавирусот?

Слободен печат

Лондонската полиција ги растури демонстрациите против вонредните мерки заради коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат