Растат депозитите и кредитирањето на месечно ниво

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 9,8, односно 8,2 проценти соодветно.

Податоците на Нардоната банка укажуваат на раст и на депозитите и на кредитирањето. Годишната стапка, како што наведуваат во соопштение изнесува 7,8 отсто при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Кредитирањето на корпоративниот сектор пак, бележи раст од 3,3 отсто.

Според објавените податоци на Народната банка, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа.

– Годишната стапка на раст изнесува 7,8 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа. Годишниот раст на вкупните кредити од 5,9 проценти се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”, соопшти Народната банка.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 9,8, односно 8,2 проценти соодветно.

Во однос на кредитите, на годишна основа кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 3,3 отсто, а вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,6 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот