Раст на нови случаи со ковид-19 во Албанија

Ковид-19 криза Албанија/ Фото: ЕПА

Во Албанија во последното деноноќие забележан е висок раст на новозаразени со Ковид-19.

-Во изминатите 24 часа опасниот вирус е потврден кај 725 лица од направените 3.273 тестови, што е над 22 отсто од тестираните. Споредено со претходниот ден инциденцата е зголемена за 12 отсто. Најголемиот број од новозаразените се во Тирана 289. Во исто време во списокот на закрепнати се внесени 604 а починале шест лица на возраст од 57 до 81-годишна возраст, информираше министерството за здравство.

Во двете ковид болници хоспитализирани се 157 лица од нив 14 се во критична состојба.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја направени се 1.311.540 тестови, позитивни биле 186.222, закрепнале 175.451, починале 2.937 при што најмладата жртва е на петгодишна возраст, додека активни на болеста се 7.834 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот