Раст на насилството врз деца во Франција

Насилство врз деца, илустрација/Фото: МИА

– Знаеме дека мерките на ограничување се поволни за насилството, изјави Државниот секретар за заштита на детството, Адриан Taкe.

Од почетокот на мерките за ограничување во Франција, телефонската линија „Ало деца во опасност” регистрирала за 20 отсто повеќе јавувања.

Државниот секретар за заштита на детството, Адриан Taкe, соопшти дека повиците на бројот 119, кои се сметаат за итни се зголемени дури за 60 отсто.

-Знаеме дека мерките на ограничување се поволни за насилството. Сепак, можеше да се стравува дека тој период ќе биде и понеповолен за пријавување на проблематични ситуации, од една страна затоа што децата жртви на насилството беа дома со родителите, а од друга страна затоа што наставниците или другите спортски тренери веќе не беа во можност да алармираат на забележани знаци на насилство, истакна државниот секретар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот