Раст на инфлацијата во Турција поради растот на цените пред се во превозот

На годишно ниво најголем пораст на цените во мај е забележан на алкохолни пијалаци и тутун од 21,41 отсто и на трошоците за домување од 14,5 проценти.

Годишната стапка на инфлација во Турција се искачи на 11,39 проценти, додека во мај изнесуваше 10,94 отсто, соопшти Турскиот институт за статистика .

Тоа се должи, пред се на зголемените цени за превоз и на услугите во мај за 1,36 проценти проценти.

На годишно ниво најголем пораст на цените во мај е забележан на алкохолни пијалаци и тутун од 21,41 отсто и на трошоците за домување од 14,5 проценти.

Инфлацијата се зголеми откако турската Централна банка ја намали каматната стапка на 8,25 отсто и се очекува инфлацијата до крајот на годината да достигне 7,4 проценти.

Според турската Централна банка инфлацијата може да биде висока на краток рок, поради сезонските и новите ефекти поврзани со пандемијата со Ковид-19 врз цените на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот