Раст на европскиот авиосообраќај по укинување на рестриктивните мерки

Тоа е за 1.383 летови повеќе во споредба со претходната недела.

Се повеќе авиони летаат над небото над Европа откако почнаа да се укинуваат рестриктивните мерки воведени поради панмдемијата со новиот коронавирус.

Во изминатата недела Европската организација за безбеден авиосообраќај (Еуроконтрол) забележа 90.549 летови, што е само 36,6 отсто од летовите во истиот период минатата година.

Главниот директор на Еуроконтрол, Емон Бренан денеска на Твитер објави дека просечно дневно има нешто помалку од 13.000 летови.

Тоа е за 1.383 летови повеќе во споредба со претходната недела.

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер” значително придонесе за пораст на летовите, која имаше просечно 1.045 летови дневно изминатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот