Раст на цените на акциите на азиските пазари – обемот на тргување слаб

Доларот веќе втор ден бележи раст во однос на останатите валути.

Индексот „MSCI“ на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 6:30 часот беше во плус 0,6 проценти, откако вчера падна повеќе од два проценти. Цените на акциите во Австралија се зголемија за повеќе од еден процент, а во Хонг Конг околу 0,6 проценти.

Азиските инвеститори ги охрабри вчерашниот раст на Вол Стрит, кој најмногу се должи на зголемувањето на цените на акциите на технолошките гиганти како „Мајкрософт”, „Епл” и „Амазон”, како и зголемувањето на цената на нафтата.

Во исто време на девизните пазари, доларот во однос на кошницата валути зајакна веќе втор ден по ред. Неговиот индекс, кој го следи движењето на американската во однос на шест најважни светски валути, се движи околу 99,39 поени, додека вчера во ова време беше 99,28 поени.

Курсот на американската во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 106,75 на 106,55 јени. Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се падна на 1,0900 американски долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот