Раст на бројот на домашни и странски туристи во ноември

Бројот на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 2.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.3 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2019 година изнесува 64.458, а бројот на ноќевањата изнесува 135.866.

Бројот на туристите во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.5 %.

Бројот на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 2.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.3 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е намален за 3.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.5 %.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.9 %, а кај странските има зголемување за 6.8 %.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2.6 %, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5.7 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот