Раст на акциите на Волстрит

Архива на СП

Во САД бројот на заразени со коронавирус надмина три милиони лица.

Индексите на Волстрит забележаа пораст при што индексот „Nasdaq“ достигна рекордно ниво, а инвеститорите беа поттикнати да вложуваат во ризични зделки по позитивните макроекономски показатели кои го ублажија стравот од затворање на кризата поради корона вирусот.

„Dow Jons“ индексот порасна за 177,1 бод или за 0,7 отсто односно на 26.067 бодови, додека „S&P 500“ зајакна за 0,8 отсто на 3.169 бодови.

Технолошкиот „Nasdaq“ скокна за 1,4 отсто достигнувајќи ниво од 10.492 бодови.

За растот на индексите најмногу придонесоа технолошките гиганти, при што акциите на „Apple“ пораснаа за 2,3 отсто, а оние на „Microsoft I Netflix“ за 2 проценти. Во просек технолошкиот сектор поскапи за 1,6 отсто.

Иако бројкот на заразени во САД кој надмина 3 милиони лица ги загрижува инвеститорите тие беа орасположени од податокот за рекордниот број новоотворени работни места и опоравувањето на услужниот сектор во јули.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот