Распуштен грчкиот парламент, ќе има предвремени парламентарни избори

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, го распушти грчкиот парламент и најави предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 7-ми јули.

Според уставот, изборите мора да се одржат во рок од 30 дена од распуштањето на парламентот.

Новото собрание на парламентот ќе го одржи својот прв состанок во среда, на 17 јули, кога новите пратеници ќе ја положат заклетвата.

Претседателот издаде декрет по состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во претседателската палата во понеделникот вечерта. Премиерот побара од претседателот да го напушти парламентот и да ги свика предвремените парламентарни избори на 7-ми јули “за продолжување на мандатот што го дадоа луѓето”. Ципрас објасни дека одлучил да одржи предвремени избори  поради фактот што “изборниот период од околу четири месеци може да го загрози нормалниот развој на националната економија”.

На изборите за Европскиот парламент што се одржаа на 26 мај, опозициската Нова демократија ја надмина Сириза на Алексис Ципра со 9,35 отсто. По овој пораз, Ципрас, кој претходно инсистираше на тоа дека општите избори треба да се одржат во октомври на крајот од четиригодишниот мандат, најави одржување предвремени парламентарни избори на 7-ми јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот