Распродадени најскапите билети за Светското првенство во Катар 2022

Фото: EPA-EFE/STR

Зимата 2022 година ќе биде побогата за спортски настани од вообичаеното, бидејќи тогаш Светското фудбалско првенство ќе се одржи во Катар, односно стартот е на 21 ноември 2022 година.

Стадионите се во завршна фаза на изградба, меѓу нив и стадионот „Лусаил Ајконик“ каде ќе се одиграат десет натпревари, вклучително и финалето.

Организаторите ги одредија цените на билетите за луксузни места, а пакетот во ложата Лусаил, стадионот околу кој е предвидена изградба на нов град северно од Доха, чини неверојатни 2,6 милиони евра!

Тоа е цената за ложата од 40 места во „Чудесниот Пакет“ за сите 10 натпревари, вклучувајќи го и финалето со целосна удобност – приватни апартмани, оброк што вклучува избор на пет главни јадења, сомелиерска услуга со избор на најдобри вина и најдобри места за паркирање – и сите веќе се распродадени!

Најевтините „хоспиталити“ карти за сите мечеви на Лусаил, вклучувајќи едно четвртфинале, едно полуфинале и финале, чинат 11.700 евра во „Мечот на клубот“, а одат и до 60.845 евра во „Бисерна ложа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот