Расправија во Сенатот за правилата на процесот на импичмент на Трамп

Правилата ефективно ги ограничуваат излагањата на обвинителите и одбраната, и за да се искористи доделеното време работниот ден во Сенатот денеска и утре најверојано ќе продолжи длабоко во ноќта и во раните утрински часови.

Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на економскиот форум во Давос и се ракува со светските лидери, во Сенатот на САД во Вашингтон започна судење за негово отповикување, и ако судот докаже дека тој е виновен, претседателот ќе биде разрешен од функцијата.

Но, демократите се жалат дека републиканците во Сенатот, кои се мнозинство, го блокираат процесот со одбивање да повикаат сведоци на отворањето и со синоќа претставените рестриктивни правила од Мич Меконел, лидер на мнозинството.

Ове се прави со цел, обвинуваат демократите, судот да заврши што побргу, да се прикријат обвиненијата против претседателот за тој да биде ослободен.

Во резолуција од четири страници, Меконел постави неколку рестриктивни услови, како временските рамки според кои треба да се одвива судењето. На секоја од страните, обвинители и бранители, им се дава по 24 часа, во вкупно време од две деноноќија, да ги претстават своите аргументи.

Сенаторите од двата табора, републиканци и демократи, ќе имаат по 12 дополнителни часа за дискусија.

Во резолуцијата се вели дека сведоците можат да бидат повикани само после изнесените аргументите, и се бара гласање на секое презентирање нови докази.

– Причината зошто оваа резолуција се чуваше во тајност и се објави во последен момент е за да не се случи објективно и фер судење, изјави демократот од Калифорнија, Адам Шиф, раководител на тимот обвинители во судскиот процес против Трамп.

– Ова нема да резултира во фер судски процес туку со прикривање на обвинението. Судење без нови докази, сведоци или докменти не е никаков судски процес. Затоа ќе побарам амандмани на резолуцијата, изјави денеска  Чак Шумер, лидер на демократското малцинство во Сенатот, во минутите пред да започне сесијата.

Правилата ефективно ги ограничуваат излагањата на обвинителите и одбраната, и за да се искористи доделеното време работниот ден во Сенатот денеска и утре најверојано ќе продолжи длабоко во ноќта и во раните утрински часови.

Затоа, на Твитер се појавија хаштагови #MidnightMoscowMitch и #MidnightMitch, алузија на фабрикуваните судски процеси во Русија за време на црвениот терор на Сталин.

Судењето за импичмент на Трамп денеска и утре започнува во 13 часот по локално време поради обврските што Џон Робертс, главен судија во Врховниот суд, ги има во утринските часови во својство на врховен судија. Робертс е именуван за врховен судија кој заседава со судот за импичмент во Сенатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот