Расправија меѓу поранешни сопружници ќе направеше македонско-бугарски инцидент

Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола
Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола

Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од киоскот во негова сопственост кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња, лоциран на патот за накај црквата Света Недела во Битола.

Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола. Тие соопштија дека случајот е пријавен во СВР Битола, но и во генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесуваше интимни работи поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Порача дека и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот