Расправија и пукање на Попова Шапка

попова шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот. Притоа, немало повредени луѓе.

-Дваесет и деветгодишниот  И.Ш од скопска Копаница во 21.25 часот пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат  Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија,  Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол  на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот