Расправа меѓу историчарите: Ако Камала Харис е „втора дама“, дaли нејзиниот сопруг ќе биде „втор господин“?

California Attorney General Kamala Harris (center-left) cheers while traveling along Market Street during the annual Gay Pride parade in San Francisco, California on June 28, 2015, two days after the US Supreme Court's landmark ruling legalizing same-sex marriage nationwide.,Image: 251255107, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Josh Edelson / AFP / Profimedia

Сега, кога Соединетите Американски Држави ја имаат својата прва жена потпретседател, многумина прашуваат: Како ќе се нарекува Даг Емхоф? „Втор господин“ се чини како очигледна титула за сопругот на новоизбраната потпретседателка Камала Д. Харис – јасно дополнување на „втората дама“, како што се познати сопругите на минатите потпретседатели.

Но, администрацијата на Бајден-Харис можеби нема да се определи за очигледното. Емхоф сè уште е без титула, чекајќи го официјалното соопштение за тоа како ќе се вика. Некои историчари гледаат јазична двосмисленост во ваквата титула, па можеби администрацијата на Бајден конечно ќе ги повлече титулите „втората дама“ и „првата дама“, заменувајќи ги со поедноставните „Г. Емхоф“ и „ Д-р Бајден“.

Камала Харис со сопругот Даглас Имхоф / Фото: EPA-EFE/DNCC

Титулите се смешни – изјави историчарката Бети Кароли, и додаде дека меѓу народот никој веќе не ги користи овие термини.

Потеклото на терминот „прва дама“ е предмет на расправија меѓу историчарите уште одамна. Некои велат дека титулата прва ја користела Хариет Лејн, внука на претседателот Џејмс Бјукенон (1857-1861), која презеде многу социјални одговорности во канцеларијата за нејзиниот чичко, единствениот претседател кој никогаш не се оженил. Други го поврзуваат терминот со Граѓанската војна. Варина Дејвис, сопруга на претседателот на конфедерацијата Џеферсон Дејвис, честопати била нарекувана „прва дама на конфедерацијата“.

Титулата „Втора дама“ се родила неколку децении подоцна, благодарение на Jени Хобарт, сопруга на потпретседателот Гарет Хобарт, која извршувала социјални должности за Ида Мекинли, сопруга на претседателот Вилијам Мекинли, која пак била премногу болна за самата да биде домаќин на сите неопходни коктели и забави.

Profimedia

На почетокот, претседателските сопружнички биле првенствено домаќинки и планери, односно, првата дама и втората дама го правеле тоа што се очекувало од „дамите“ во 19 век: украсување за Божиќ, организирање настани, и секако, појавувања во прекрасни фустани. Но сега е 2020 година и улогите еволуираа. Првите дами, од Лејди Бирд Џонсон, започнаа значајни проекти вклучувајќи се и во политиката. Мишел Обама беше ангажирана околу проблемите со дебелина кај децата; Лора Буш се справуваше со неписменоста на населението, а Хилари Клинтон се посвети на реформите во здравствената заштита. И вторите дами, во меѓувреме, ги проширија параметрите на нивните улоги – и Џил Бајден и Карен Пенс продолжија да држат настава на ученици додека нивните сопрузи служеа како потпретседатели.

Повеќе историчари се согласуваат дека термините „прва дама“ и „втора дама“ треба да се укинат. Во други земји, сопругата на претседателот или премиерот едноставно го носи нивното презиме, елиминирајќи ја потребата за родови адаптации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот