Распореден најновиот американски носач на авиони „Ју-Ес-Ес Џералд Форд“

Американската воена морнарица за првпат го распореди најнапредниот носач на авиони „Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд”, да учествуваа на неколку воени маневри заедно со воени бродови на останатите држави-членки на Северноатлантската алијанса.

Носачот на авони со најнапредна технологија исплови од најголемата поморска база во светот „Норфолк”, во американската сојузна држава Вирџинија, во придружба на повеќе разурнувачи и други воени бродови.

„Џералд Форд” заедно со бродови на воените морнарици на Франција, Германија и на Шведска, ќе учествува на неколку различни воени маневри, вклучително и вежбовни активности за противподморничка војна во Атлантскиот Океан.

Маневрите се одржуваат седум месеци откако Русија ја започна инвазијата на Украина и во време на растечки тензии меѓу Москва и Западот.

„Ју-Ес-Ес Форд” е првиот носач на авиони од новата класа „Форд” на американската воена морнарица. Класата е дизајнирана да носи повеќе авиони и да биде оперативна со помалуброен екипаж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот