Распоред и саатници за ЕП 2022: Еве кога играме со Данска, Црна Гора и Словенија!

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

После успешните квалифкации, најдобрата македонска репрезентација се пласираше на уште едно Европско првенство, во овој случај континенталниот собир во Унгарија и Словачка.

Следното ЕП ќе се организира во периодот од 13 до 30 јануари 2022 година, а избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров ќе играат во групата „А“ во Дебрецин (Унгарија) со селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави датумите и термините во кои ќе ги одиграме трите натпревари..

Стартуваме на 13 јануари од 18.00 часот против Словенците, во истиот термин два дена подоцна на 15 јануари се соочуваме со Црногорците, а на 17 јануари од 20.30 часот против актуелниот светски шампион Данска против која триумфиравме еднаш во квалификациите во Скопје.

Првопласираните две селекции ќе обезбедат учество во следната главна фаза. Целосниот распоред и саатниците на сите натпревари во прелиминарната фаза можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот