Распишана меѓународна потерница по Здравко Мамиќ

EPA/ANTONIO BAT

Врховниот суд на Хрватска денеска ја отфрли жалбата на поранешниот прв човек на Динамо Загреб и ја потврди претходната одлука на Жупанискиот суд во Осијек дека на Здравко Мамиќ може да му се суди во отсуство.

Врховниот суд на Хрватска не наведувајќи го името на Здравко Мамиќ наведе дека е отфрлена жалбата на неговиот адвокат и ја потврди одлуката на Жупанискиот суд во Осијек кој оцени дека на поранешниот извршен претседател на Динамо Загреб може да му се суди во отсуство.

Во својата одлука Врховниот суд наведе дека против Мамиќ и неговите соичесници се води постапка за неколку кривични дела, а исто така е распишана меѓународна потерница за Мамиќ и издаден е европски налог за апсење.

Здравко Мамиќ подолго време се наоѓа во БиХ бидејќи има и босански пасош, па оваа земја одлучи дека не се исполнети условите за негово изрекување на Хрватска.

На основ на првото обвинение Мамиќ во јуни 2018 година неправосилно во Осијек е осуден на 6.5 години затвор по обвинението извлекол 15.4 милиони евра од Динамо Загреб.
Второто обвинение од мај 2019 година го терети Мамиќ и уште шест соичесници од раководните структури во Динамо Загреб дека го оштетиле клубот за дополнителни 26.5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот