Распишан нов тендер за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“

Општина Чаир денеска објави нов, втор по ред тендер за избор на фирма за уривање на дивоградбата кај трговскиот центар „Мавровка“. Првиот повик беше неуспешен бидејќи ниту една фирма не се пријавила, па Општината мораше да го повтори.

Денеска, на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки е објавен вториот повик за „Работни активности за уривање на бесправно изградени објекти“, а заинтересираните фирми може да се пријават до 13 август до 12 часот.

Претходно, на 23 јули, градежениот инспектор од Општина Чаир донел одлука за уривање на објектот што се гради на местото на изгореното кафуле „Фонтана“, но Општината не можела да го најде ниту инвеститорот ниту изведувачот на градежните работи, па затоа решението се доставува на непознат сторител.

Откако рокот од осум дена истече за непознатиот сторител сам да ја урне дивоградбата, Општината рапиша тендер на кој ниту една фирма не се пријави.

Ниту една фирма не се пријави за рушење на дивоградбата кај Мавровка, Општина Чаир денес треба да распише нов тендер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот