Распишан конкурс за студенти на Воената акдемија, прочитајте кој има право да конкурира

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, распишува Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на прв циклус студии на Воената академија за 25 кандидати.

– Запишуваме питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ за учебната 2020/2021 година. Пријавете се! Воената професија нуди безброј шанси- напиша на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Студиите на прв циклус студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, според нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои ги исполнуваат општите услови:
–  да се државјани на Република Северна Македонија;
–  да завршиле четиригодишно средно образование;
–  да не се постари од 21 година на денот на пријавување и поднесување документи и
–  да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:

–  да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност;
–  да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации, што ги утврдува надлежна служба во Министерството за одбрана;
–  успешно да го положат тестот за физичка способност во согласност со Тест-прог­ра­мaта за проверка на моторните способности на студенти/питомци и студенти на акредитираните студиски програми на прв циклус студии во Академијата.

Кандидатите државјани на Република Северна Македонија што средното образование го завршиле во Република Северна Македонија, или што дел од средното образование го завршиле во странство, се запишуваат под еднакви услови и критериуми на прв циклус на студии.

При изборот на кандидатите за запишување на Академијата се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на етничките заедници и развој на родовата перспектива, со почитување на принципите на стручност и компетентност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот