Расмусен: Одлуката на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија и Албанија, може да има сериозни ефекти за стабилноста на Балканот

Одлуката на Европската Унија да не започне преговори со Северна Македонија и Албанија може да има сериозни ефекти за стабилноста на Балканот. Оваа го вели поранешниот Генерален Секретар на НАТО-, Андерс Расмусен за данскиот весник „Morgenavisen Jyllands-posten“.

– ЕУ прави голема стратешка грешка. Еден месец порано Франција, Холандија и Данска ги блокираа Северна Македонија и Албанија да започнат со преговорите. Се зборува за прекршување на ветувањата од страна на ЕУ. Во овој момент одбивањето има создадено длабоко разочарување, не само во Северна Македонија и Албанија, туку и во целиот Балкан и кај сите соседи на ЕУ –  кажал Расмусен.

Расмусен вели дека ова е очигледно со оглед на фактот дека за прв пат во историјата на Европската Унија, таа не се придржи до своите ветувања.

– Одбивањето на преговорите со двете земји може да има сериозен ефект за стабилноста на Балканот. Сите соседи веќе се прашуваат дали може да сметаат на Европската Унија како стабилен партнер. Целата расправа се води за помалку од пет милиони луѓе. Веќе неколку години, овие две земји работат со многу напор за да ги исполнат условите и да бидат дел од ЕУ. Според Европската Комисија и двете земји ги имаат исполнето условите да се започнат преговорите. Но три земји рекоа “Не“ за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Имајќи ги в’предвид дека овие преговори треба да траат многу години пред овие две земји да станат дел од ЕУ – вели Расмусен.

Тој исто така посочува дека треба да поминат многу години за да овие земји бидат членки на Европската Унија, но она што е важно според него, е фактот дека овие земји не треба да ја загубат надежта.

– Нормално е дека има проблеми како во Северна Македонија така и во Албанија, вклучувајќи
го криминалот и корупцијата и ефикасноста со менаџирање со надворешните граници – вели Расмусен.

– Но овие проблеми може да се решат на ефикасен начин со преговори со двете земји. Во двете земји се реализирани реформи за да се исполнат условите на ЕУ. ЕУ имаше ветување за почеток на прговорите во 2020 година. Постои ризик овие реформи да се закочат или целосно да запрат ако ЕУ не се дрижи до ветувањата – истакнал Расмусен.

Според Расмусен, Македонија после многу години успеа да најде решение за спорто со името со Грција и сега таа ќе стане дел од НАТО, додека Албанија е веќе дел од НАТО.

– НАТО веќе има сфатено дека стабилноста на Европа зависи од конзистентоста и безбедноста на Балканот. Одбивањето да се почнаат разговорите со Северна Македонија и Албанија, ја минира довербата на Унијата. ЕУ, всушност е обид на НАТО да се создаде поголема сигурност во Европа – изјавил Расмусен.

Тој додава дека Кина и Русија се подготвени да ја пополнат празнината која што е создадена заради неспособноста на ЕУ.

– Кина има пари додека Русија е подготвена да испрати понуди за воена соработка. Русија е веќе активна на полето на дезинформацијата за создавање на поделби и несогласности на Балканот меѓу западните сојузници – пишува меѓу другото Расмусен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот