Раскол во Хјустон: Или тој или јас

Поразот на Хјустон рокетс од 4:2 во полуфиналето на Западната конференција од Голден Стејт вориорс е многу поболен од отколку што се мислеше на почетокот, бидејќи дури сега протекоа информациите за незадоволство кај кошаркарите.

Според „Yahoo sports“, проблемот настана помеѓу двете најголеми ѕвезди Џејмс Харден и Крис Пол кои веќе не разговараат помеѓу себе. Извори на Јаху откриваат дека доколку не се најде решение во најскоро време, можни се играчки промени во екипата.

Крис Пол веќе имал разговор со челниците на екипата и побарал да биде разменет, додека Харден го условил раководството со зборовите „Или тој или јас“.
Наводно, двете ѕвезди на Хјустон веќе два месеци не разговарале меѓу себе и тоа внесе нервоза во соблекувалната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот