Раскинувања, разводи, пресврти и нови љубови: Овие три хороскопски знаци ги очекуваат големи животни промени во октомври

Unsplash
Фото: Unsplash

Хороскопот за октомври предвидува големи промени на полето на љубовта за Овен, Лав и Јарец.

Овие три знаци треба да се подготват за неочекувани пресврти.

Овен

Осамениот Овен ќе биде во дилема кога се во прашање љубовните врски. Важно е да донесете одлука со ставот на вашето срце. Можно е да се заљубите како никогаш досега. Не дозволувајте стравот да се венчате или промените да ви ја украде среќата. Вие сте во пресвртница во животот, треба да уживате во добрите времиња наместо да поставувате прашања. Зафатените Овни ќе ги решат проблеми и конечно ќе владее хармонична атмосфера. Ве очекува обновување на интимноста и искра на страст, што ќе ја оживее врската со вашиот партнер.

Лав

Слободните Лавови во октомври ќе имаат многу можности да влезат во љубовни врски. Старите односи  треба полека да се развиваат и треба да бидете трпеливи. Секој напор што го вложувате во врска ќе ви се исплати двојно повеќе. Замислете и ќе се случи, разговарајте и ќе решите. Во врска со партнерот, наоѓате заеднички одговор. Ве очекуваат убави можности, а некои средби можеби се запишани во судбината.

Јарец

Слободните Јарци ќе бидат многу амбициозни и успешни на љубовно поле. Оние кои се во врска ќе внесат уште поголема искреност, емпатија и поддршка во врската. Се чувствувате сакано, сигурно и прекрасно. Подготвени сте да ги откриете своите чувства, а за возврат добивате бран прекрасни емоции. Ѕвездите реагираат позитивно на вашите желби, и ова е еден од понежните периоди во годината. Во љубовта одите по вистинскиот пат. Правите долгорочни планови со вашиот партнер, а од 17 октомври се реализираат вашите заеднички проекти, среќни сте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот