Раскинат договорот за набавка на 14.000 униформи за АРМ, ќе се повтори постапката

Министерството за одбрана денеска го раскина договорот за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа, поради како што информираат, неисполнувањето на договорот за набавка од страна на фирмата, избрана во јавна и транспарентна постапка.

Од Министерството наведуваат дека никогаш нема да отстапи од намерата секој припадник на Армијата да добие униформа со врвен квалитет, без компромиси и калкулации и дека согласно постапката ќе биде активирана и банкарската гаранција.

– Причина за раскинување на договорот е што во рок од 50 дена за доставување на мостри, согласно договорот за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа, фирмата не достави комплетни мостри и соодветни сертификати, и истото не го стори ниту по дополнителниот рок од 15 дена кој е пропишан со договорот, се вели во соопштението од МО.

Посочуваат дека во следните неколку денови, целосната постапка ќе биде повторена и припадниците на Армијата ќе добијат нови униформи.

– Ги повикуваме заинтересираните компании да се пријават само доколку можат да го испорачаат квалитетот кој го бараме во спецификацијата на тендерската документација. Информираме дека фирмата која во првиот тендер не го испочитува договорот, нема да може да учествува во повторената постапка, согласно Законот за јавни набавки, се вели во соопштението од МО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот