Раскази кои ја истражуваат душата на грчкиот народ во услови на економска криза

Меѓу книгите кои во 2021 година беа објавени од издавачката куќа „Или-Или“ е збирката раскази „Нешто ќе се случи, ќе видиш“ од Христос Иконому, како прв превод од грчки на македонски јазик во популарната едиција „ПРОаЗА“. Преводот на расказите е на Петар Андоновски, дизајнот на корицата на Марија Смилевска, а книгата е дел од проектот „Креативна Европа“ на Европската унија.

– Оваа потресна збирка раскази мајсторски ја истражува душата на грчкиот народ во услови на економска криза. Приказните се уникатни и сурови и навлегуваат длабоко во емотивниот пејзаж на невработеноста, гладот и очајот, но вклучуваат фрагменти од мрачен хумор и обиди за зачувување на достоинството. Од отпуштен работник кој не може да обезбеди храна за својот син до жена чие момче ѝ го краде јајцето од гнездото, преку група болни старци кои чекаат отворање на клиника, ние сме свесни за најдлабоките мисли и секојдневните постапки на обичните луѓе кои се справуваат со тешки околности, кои се надвор од нивна контрола. Брилијантните слики и проникливото пишување на Иконому се едноставно убави за читање и размислување – е краткиот опис на книгата.

Христос Иконому е роден во Атина во 1970 година. Има објавено четири збирки раскази: „Жената на шините“ (2003), „Нешто ќе се случи, ќе видиш“ (2010), „Добрата волја ќе дојде од морето“ (2014) и „Ќерките на вулканот“ (2017). „Нешто ќе се случи, ќе видиш“ ја освои престижната грчка државна награда за најдобра збирка раскази и постигна голем интернационален успех, известија од „Или-Или“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот