Раси на кучиња кои се идеални за семејства со деца

Дете со малтезер / Фото: Pexels/Katya Wolf

Факт е дека кучињата се прекрасни домашни миленици – верни и полни со љубов кон своите сопственици. Но, доколку имате деца и имате желба да донесете кученце во домот, тогаш треба добро да размислите која раса на куче ќе ја вдомите, пишува „Кликс“.

На прво место е германскиот овчар – верен пријател, кој е заштитнички настроен кон луѓето што ги сака, особено кон децата. Тој е одличен во учењето и следењето на командите, па ќе можете да сметате на него во секое време.

Златниот ретривер е куче кое има добар темперамент, нежно е и знае како да се однесува со децата. Тоа е особено поврзано со сопствениците. Не бара многу грижа, па затоа е одличен избор за семејства чиј животен стил е прилично зафатен.

Девојче со златен ретривер / Фото: Pexels/Helena Lopes

Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс е многу мила раса на кучиња, која е пријателски расположена кон сите – вклучувајќи ги и децата, но и повозрасните луѓе. Тоа бргу ќе се прилагоди на вашето темпо на живеење. Доволно е да поминете еден час дневно шетајќи со него. Нема да биде проблем дури и ако имате друго домашно милениче, на пр. мачка.

Самоједот е куче кое е речиси секогаш добро расположено. Сака деца и бргу емотивно се врзува за семејството со кое живее. Има темпераментна природа, па ќе мора да бидете подготвени за долги прошетки.

Самојед / Фото: Pexels/Helena Lopes

Бигл ќе биде идеален за вашето семејство. Друштвен е и има трпение со малите деца, кои, пак, ќе добијат вистински пријател кој ќе ги придружува низ животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот