Рашковски: По одморот ги чекам ВМРО-ДПМНЕ и Чулев на дебата
Правните дилеми околу набавката на софтверот, поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар во премиерот на кабинетот, Драги Рашковски, ги остава на институциите, додека за политичките аспекти ја кани ВМРО-ДПМНЕ, преку поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на дуел.
– Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот, ако после сѐ може да се нарече, одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За сè што до сега ме обвинуваа, изјави Рашковски за телевизија Канал 5.
Отворен предмет по допрен глас за сообраќајниот софтвер на Рашковски