8 C
Скопје

Рашковски хоспитализиран на Инфективна?

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје поради компликации од ковид-19, пренесе порталот „360 степени“.

Од Владата нема потврда за оваа информација, додека извори од здравствените власти информираат дека Рашковски е хоспитализиран и дека здравствената состојбата му е под контрола, односно дека е „средно влошена“.

-Во моментов немаме информации. Обратете се директно до Рашковски- одговориле од Владата, на прашање дали генералниот секретар е заразен со ковид-19 и е хоспитализиран.

На денешната прес-конференција Душко Арсовски, портпаролот на Владата рече дека засега немаат добиено податоци од Институтот за јавно здравје за контактите кои ги имал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

До овој момент сè уште немаме информација од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје, колку и дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи којшто е позитивен на ковид-19 добиле решение за самоизилација- рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Заев: ОН ја имаат централната улога во справување со пандемијата, продолжуваме да ги спроведуваме нивните препораки

Прочитајте и...  Денеска е спомен на Преподобен Григориј Декаполит

Поврзани вести

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

Слободен печат

Италија забрани патувања од 21 декември до 6 јануари

Слободен печат

Спасовски: Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип, стабилна без индиции за нејзино нарушување

Слободен печат

Нови 1.772 случаи на ковид-19 во Словенија, починаа 45 лица

Слободен печат

БРИТАНСКИ НАУЧНИК ПОРАЧА: Ако сакате крај на ограничувањата, примете ја вакцината против ковид-19

Слободен печат

МВР: Граѓаните да внимаваат при продажба на автомобили

Слободен печат

Остави Коментар