Рашковски ги покани на прес конференција Василевска од ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот директор во МНАВ кој наводно го наместил

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, утре ќе одржи прес конференција во врска со снимениот разговор кој беше објавен во медиумите, каде се договара набавка на радарски систем.

Рашковски на прес конференцијата ги покани Иванка Ина Василевска Македонска од ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот директор на техника во МНАВ, Климент Чепуњовски, кој како што тврди Рашковски наводно го наместил, како и новинарот Горан Момировски.

„Утре, 2.7.2019 година со почеток во 12 часот ќе се одржи прес конференција околу снимениот разговор од состанокот со претставници на МНАВ, италијанската компанија Леонардо и претставник од Министерството за транспорт и врски.
Со оглед на обвинувањата и други видови на напади, корекно е на прес конференцијата да присуствуваат и: Иванка Ина Василевска Македонска, Климент Чепуњовски и Горан Момировски. Бројот на прашањата кои сакаат да го постават е неограничен“, порача Рашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот