Рашковски: Државата и граѓаните ќе имаат 0 денари трошоци за хеликоптерските услуги

фото: Слободен печат/Д. Митрески

На денешниот брифинг со новинарите, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски објасни за јавното-приватно партнерство склучено со компанијата „СХЏ Свидиш конзорциум“ која го доби тедерот и со што државата на располагање ќе добие хеликоптери за здравствени услуги, за пожари и за кризи.

– Овaа идеjа не е нова и нешто што се применува кај нас и треба да сме горди што се воведува ваков систем коj се смета за современ во однос на нудењето на прва медицинска помош и услуги за спасување. Причината за склучување на јавно приватно партнерство со приватна фирма и владата се несреќите кои се случуваат во тешко достапни терени и бараат итни реакции за спасување на човечки животи – рече Рашковски.

Тој потенцираше дека државата нема ресурси и не треба да троши ресурси за нешто што може да го добие од приватен партнер. Во огласот кој бил објавен е дефинирано дека понудувачот треба да поседува 2 хеликоптери за САР и ХЕМ, а станува збор за стандарди кои се воведени на светско ниво. Според буџетскиот циркулар за оваа информација стои дека трошоците врз буџетот е 0 денари, другата спомената сума во медиумите е обврска која што ќе ја има јавниот приватен партнер, освен тоа што ќе и обезбеди 8 локации (државно земјиште) каде што ќе бидат изградени хелиодромите. Рашковски додаде дека и граѓаните на нашата земја кои ќе ја користат оваа услуга исто така ќе имаат 0 денари трошок.

– Покрај тоа што државата и граѓаните ќе немаат никакви трошоци и обврски, по истекувањето на договорот кој со важност од 8 години, двата хеликоптери со целата опрема, како и изградените хелиодроми ќе останат во сопственост на државата. Исто така компанијата кој го доби тендерот на државата ќе и исплаќа секоја година по 10.000 евра – истакна Генералниот секретар.

На јавниот повик се јавиле 8 компании, од кои 5 платиле 100 евра за да ја добијат тендерската документацијата, поради строгите критериуми и барањата од Владата се да биде бесплатно за граѓаните, само една компанија доставила понуда. Според договорот кој се уште не е потпишан, а се очекува тоа да се случи во скоро време, компанијата има обврска од рок од шест месеци веќе да почне да ги нуди ветените услуги.

За него нема ништо спорно што фирмата што го доби тендерот „САРХЕМС“, е формирана 24 дена пред да биде избрана. Тој тоа го правда што споменатата фирма е застапувана од друг економски оператор кој имал искуство во вакви случаи.

Обврската на „САРХЕМС“ е да инвестира по 9 милиони евра годишно во својот бизнис во Македонија со хеликоптерскиот медицински тим за спасување, рече Драги Рашковски

Тој демантираше дека државата ќе ги троши овие пари и дека вкупната сума за осум години би била 72 милиони евра државни пари, туку дека во овој случај државата ќе дава само логистичка поддршка преку Брза помош,  кризните центри, МВР и армијата.

– Нивата економска логика ќе биде во наплатата од осигурителните компании. Всушност станува збор за осигурувањето на лицата кои транзитираат низ нашата земја, при вадењето на истото да изберат дали сакаат да ја имаат и ваквата услуга, но тоа е право на компанијата како ќе го води својот бизнис, а не на држвата – вели Рашковски.

Според него, државата не треба да ја интересира како компанијата ќе го води својот бизнис и како ќе заработува пари, затоа што во договорот стои дека доколку не успева да ги нуди бесплатно услугите кон нашите граѓани, 24 часа и 365 дена во годината, истиот ќе биде раскинат и двата хеликоптери и хелиодромите ќе останат во сопственост на нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот