Рашфорд: Прикажуваме само половина од тоа што го можеме

EPA-EFE/PETER POWELL

Напаѓачот на Манчестер јунајтед признава дека екипата во последно време не го прикажува вистинското лице.

Манчестер јунајтед вчера во поразот од градскиот ривал од 1:3 во полуфиналето на Лига купот, го одигра еден од најлошите натпревари сезонава. „Црвените ѓаволи“ во 2020 година имаат два порази и едно реми.

– Мораме да продолжиме да се бориме за се вратиме на победите. Се може да се подобри во нашата игра. Најверојатно прикажуваме само половина од тоа што го можеме како тим. Никој не сака да губи, никој не почнал да игра фудбал за да губи натпревари. Лично, не сметам дека тоа е проблем, сите знаат дека сакаме да победуваме и мора да продолжиме да работиме напорно – изјави Рашфорд.

Манчестер јунајтед со поразот од Манчестер сити се наоѓа пред елиминација од Лига купот иако има реванш, но тој се игра на „Етихад“ во синиот дел од градот, додека во Премиер лигата тие се наоѓаат на петтото место, со само пет бода помалку од четвртопласираниот Челси кој има 36 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот