Рашфорд останува „ѓавол“

Маркус Рашфорд останува во Манчестер јунајтед и во наредните четири години откако успеа да ги договори сите детали за продолжување на соработката.

Тој со новиот договор ќе заработува 200.000 фунти неделно, а во договорот има клаузула да се продолжи за дополнителна година. Младиот 22-годишен напаѓач досега има 170 настапи во првиот тим на Манчестер јунајтед.

– Јунајтед ми е се во животот, тука сум од мојата седна година. Овој клуб ме обликуваше и како човек и како фудбалер. Навистина ми е чест што ќе продолжам да го носам овој дрес и ќе дадам се од себе да го вратиме Манчестер јунајтед на местото кое му припаѓа, на врвот во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот