Рашфорд неизвесен и за Европското првенство

EPA-EFE/Nigel Roddis

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри дека одличниот напаѓач уште неколку месеци ќе биде надвор од терените.

Рашфорд го повреди грбот на натреварот против Вулверхемптон во третото коло од ФА купот и според последните информации, тој уште три месеци ќе отсуствува од фудбалските терени. Со ваквиот развој на настаните, виси настапот на Рашфорд и на Европското првенство.

– Се надевам дека Маркус ќе се врати на терените уште оваа сезона, секојдневно ја следиме ситуацијата со неговата повреда. Сепак, потребно е време, а јас не сум доктор. Јас се надевав дека ќе се опорави побрзо, но тој уште три месеци ќе биде надвор од терените. Доколку не биде подготвен, тогаш нема да игра ниту на Европското првенство. Последните прегледи покажаа дека повредата е посериозна отколку што мислевме – изјави Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот