5 C
Скопје

Расфрлени кондоми и 80 луѓе без маски: Полицајци упаднаа на забава во Њујорк, сфатија дека прекинале оргии

Службениците на канцеларијата на шерифот од Њујорк во неделата упаднале на оргии во населбата Асторија  (Квинс) кои биле организирани и покрај воведените мерки за борба против коронавирусот. Тие влегле во зградата и затекнале повеќе од 80 луѓе без маски, кои дошле на оргии во организација на њујоршкиот свингерски клуб „Калигула“.

Како што соопштиле од канцеларијата на њујоршкиот шериф за „Бизнис инсајдер“, службениците во задната просторија покрај неколку душеци и кондоми расфрлани на подот, фатиле три пара како имаат секс.

Журката е одржана во „жолтата“ зона, во која се забранети собири на повеќе од 25 лица, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Двајца организатори и еден учесник се обвинети за неколку престапи, меѓу кои и кршење на мерките против ковид-19 и продажба на алкохол без дозвола. Сопствениците на просторот каде се одржани оргиите се казнети со 15.000 долари.

Прочитајте и...  Триесет години не се контролира незаконското богатење на именуваните функционери

Ова е последниот голем собир кој полицијата го прекинала поради кршење на мерките против пандемијата. Неодамна полицијата упадна и во клубот за боречки вештини „Rumble in the Bronx“ каде во тој момент имало околу 200 луѓе.

Оргиите на свингерскиот клуб „Калигула“ се организирани само една недела откако училиштата во градот беа затворени на неодредено време поради се поголемиот број на заразени.

Поврзани вести

Евидентирани нови 336 случаи на ковид-19, починаа 10 пациенти, оздравеа 385

Слободен печат

НУК: Не прифаќаме средба без Битиќи и сакаме да присуствуваме на состанокот со стопанските комори

Слободен печат

Јовески од собраниската говорница: Неблагодарно е да се коментираат состојбите во „Монструм”, предметот е во деликатна фаза

Слободен печат

Европол: Во Романија запленети речиси половина милион фалсификувани евра

Слободен печат

РСЕ: Бајден за сеопфатно решение што ќе доведе до признавање на Косово и Србија

Слободен печат

Царовска во посета на „Алкалоид“: Со компаниите ќе создаваме квалификуван кадар и ќе обезбедуваме работа за младите

Слободен печат

Остави Коментар