Расфрлен отров повторно низ парковите и улиците во Аеродром

Од вчера на социјалните мрежи се појавија информации дека на јавните површини во Општина Аеродром се расфрла отров, со кој се загрозува животот како на животните, така и на луѓето, што предизвика голема вознемиреност и бурни реакции кај жителите.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини.

„Уште еднаш потенцираме дека ваквите материи претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите. Доколку најдете супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете директно во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица“, велат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот