Расчистете веќе еднаш со сè што не ви одговара и тоа веднаш!

Ослободи се од навиката постојано да се извинуваш. Доволно е едно искрено „извини“, ако воопшто постои причина за тоа. Сè останато е премногу и заморува.

Фрли сè што не ти одговара. Веднаш. Собери и носи во ѓубре. На пример, неудобни чевли кои ти прават рани или во кои не се чувствуваш удобно. Слушалките кои на едното уво не работат, заедно со расипаниот звучник- и нив. Ослободи се од сè. Однеси сè што не ти е потребно во контејнер, можеби некого ќе израдуваш. Секоја вечер другарка ти се бара и ќе почне: Можеш да замислиш, каков ужас!- а ти: Да, да.. Како да не! – додека ги објаснува нејзините проблеми се емитува „ Доктор Хаус“, која воопшто не си ја гледала или едвај чекаш да се „фрлиш“ во топла када, после напорен ден. А кај нејзе секој ден е некаков ужас. Што ти треба тоа?

Она утринско уште 5 минути! (Како алармот на телефонот да забележува за тоа). Или стани кога треба или дај си време на себе. Не го прави тоа само поради совеста. Не оди така! Не ги триј очите кога си нашминкана. Или не се шминкај или не ги триј очите, на очите тоа не им годи.

Не се грижи дали денеска сè си направила совршено. „Никој не е совршен“ –закачи на фрижидерот наместо диета!

Не се покајувај за своите постапки, пропаднати врски, изборите кои некогаш си ги направила.. Бестрага жалење. Се е како што треба да биде. Што било, поминало. Тоа била единствена правилна одлука во таа ситуација. Немој да се каеш, само стекни искуство и биди благодарна на тоа. Без размислување „што ако“… – или направи го тоа или немој. Обиди се, можеби ќе ти се допадне. Ако не, продолжи понатаму: почни на лизгање, да учиш јапонски, да запознаеш некого, на нова работа, промени ја фризурата, оди на театар…

Веќе утре ќе најдеш нешто за себе. Обиди се, наместо да се предомислуваш – тоа ќе те осуети. Ослободи се од навиката постојано да се извинуваш. Доволно е едно искрено „извини“, ако воопшто постои причина за тоа. Сè останато е премногу и заморува. Дуксери, фустани, фармерки и други глупости кои „не ти стојат“ или не ги сакаш, те прават постара или подебела – не ги носи во викендица! Фрли ги! „Не си најдена на улица“ и затоа секогаш изгледај убаво. Стар куфер, кој е тешко да го носиш, а жал ти е да го фрлиш, зарем не ги „откинува“ рацете? Конечно одлучи, и премини на елегантен со тркалца, сам што се движи, на општо задоволство. Убав, лесен, згоден… Дали е јасна метафората?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот